Вештачката интелигенција сè уште не е подготвена да ги замени човечките програмери

Точка

14/04/2025

14:38

862

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција веќе се користи во развојот на најразлични софтвери – од "GitHub Copilot" до стартапи кои нудат "AI" поддршка за креирање на големи јазични модели (LLM), таа веќе длабоко продрела во многу области поврзани со кодирање. Но, тоа не значи дека е подготвена целосно да ја преземе таа улога.

Луѓето одамна стравуваат дека роботите и "AI" ќе им ги одземат работните места, а многумина тврдат дека за само неколку месеци "A"I агенти ќе можат да ги заменат сите човечки програмери. Експертите велат дека главниот проблем е тоа што "AI" сè уште не е доволно добар во пронаоѓање и отстранување на грешки во кодот – токму она што на програмерите им одзема најмногу време.

Не е баш најјасно зошто "AI" се развива така што треба да ги замени луѓето токму во работите кои тие сакаат да ги работат – како што некој убаво напиша на социјалните мрежи: „направете "AI" што мие садови и чисти куќа додека јас создавам, а не обратно“ – но не можеме да се преправаме дека тоа не се случува.


"Microsoft Research", на пример, создаде "AI" алатка наречена "debug-gym", наменета за тренирање на "AI" модели специјализирани за отстранување на грешки во код. По доволно тренинг, моделите стануваат подобри, но сè уште се далеку од тоа што можат човечките девелопери.

Тешко е да се разбере зошто човештвото брза толку многу да се замени себеси со вештачка интелигенција, но оваа тема сè повеќе е во фокусот. Добриот „слуга“ навистина може да стане „лош господар“, па затоа е важно навреме да се сфати она што многу стручњаци постојано го повторуваат – ни е потребен AI кој ќе им биде помош на експертите, алатка што ќе заштеди време и ќе ги извршува повторувачките задачи, а не AI чија цел е да ги замени луѓето што го комбинираат своето образование со способност за креативно размислување.