Пред три дена заврши сагата околу Мохамед Салах. Најдобриот играч на Ливерпул реши да потпише нов договор, според кој неделно ќе заработува околу 400.000 фунти. Голем интерес имаше за неговиот потпис одразлични страни, бидејќи неговиот претходен договор истекуваше на крајот од сезоната.
Според новиот договор, Египќанецот ќе остане на „Енфилд“ до 2027 година. И под условите што ги посакуваше, со оглед на тоа што големите тимови ретко им даваат на играчите на возраст од 30 години ист или финански подобар договор од претходниот.
Со преговорите меѓу Ливерпул и Салах се занимаваше британски Би-би-си, кој нагласи дека клучниот потег се случил во март, а се е завршено пред неколку дена.
Салах ќе заработува околу 400.000 фунти неделно (околу 460.000 евра). Ваков луксуз ретко им се дава на играчите на таа возраст, но Ливерпул процени дека ќе биде многу тешко да се најде замена за најдобриот играч.
Факт е дека Трент Александер-Арнолд најверојатно на лето ќе го засили Реал Мадрид, а со тоа и се растеретува буџетот за плати на „црвените“. Како што сега стојат работите, Ливерпул ќе има простор покрај Салах да го задржи и Вирџил ван Дајк кој наскоро треба да потпише нов договор.
Би-би-си понатаму во истиот текст пишува дека Салах добил неверојатна финансика понуда. Се разбира, погодувате, од Саудиска Арабија.
„Про лигата му понуди астрономски 500 милиони фунти (околу 575 милиони евра), а самата идеја еден од најпознатите Арапи да дојде да игра на Блискиот Исток изгледаше како совршена деловна можност за сите. Но, парите очигледно не беа приоритет за Салах. Секако тој и во Англија одлично заработува.
Спортските мотив го натераа Салах да остане во Ливерпул, сака со овој клуб да го освои 20-от шампионат на Англија, но и повторно да ја нападне Лигата на шампионите. Египќанецот никогаш не криел дека целта му е и „Златната топка“, досега двапати беше петти, во 2019 и 2022 година“, пишува британскиот јавен сервис.
Според овој извор, голема улога во одлуката на удбалерот имале и членовите на неговото семејство. Сопругата Меги и ќерките Мака и Кајан уживале во животот во Ливерпул.