Марсело: Не го отпишувајте Реал Мадрид!

Дерби

15/04/2025

12:29

805

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид е во тешка позиција во пресрет на реваншот со Арсенал во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите, но клупската легенда Марсело верува дека шпанскиот клуб може да се врати и од негативата од три гола.

Бразилецот освои пет европски титули со „кралскиот клуб“, а го најавил реваншот со Арсенал со напомена да не се потценува тим како Реал.

– Никогаш не можете да го отпишете Реал Мадрид.

– Три гола не е мала предност, но имам голема верба дека ќе успеа да се вратат во овој двомеч. Реал е Реал и секогаш се враќа.

– Фановите ќе бидат максимално подготвени за потребната атмосфера, а фудбалерите имаат самодоверба и се убедени дека предноста е достижна, – вели Марсело.

Реал има направено многу пресврти во Лигата на шампионите, но барем досега се нема вратено од три гола негатива.