Дончиќ продал најмногу дресови во НБА, потегот на Морант највирален на социјалните мрежи

Дерби

15/04/2025

12:49

1.074

Големина на фонт

а а а

НБА лигата по крајот на регуларниот дел од сезоната направи интересен пресек во повеќе категории, а ја потврди и популарноста на Лука Дончиќ, кој стана лидер во продажбата на дресови по неочекуваната размена и пристигнувањето во редовите на Л.А Лејкерс.

Словенецот носи и огромен комерцијален бенефит за лигата и клубот, па неговиот дрес со број 77 се продал во најмногу примероци во текот на сезоната 2024/25.

Дончиќ на овој начин ја прекина доминацијата на Леброн Џејмс и Стеф Кари кои доминираа повеќе од една деценија, а годинава се нашле на третото, односно второто место според продажбата на дресови.

Во првата десетка се уште и Тејтум, Брансон, Вембањама, Едвардс, Морант, Гилџус-Александер и Јокиќ, кој интересно е на дури десеттото место.

НБА направи Топ 5 пресек и на најгледатените потези на дигиталните платформи, односно социјалните мрежи на лигата, а убедливо на првото место е Џа Морант со еден навистина атрактивен потез кој заврши со поени.