Интер го дочекува Баерн со предност, но и со пет фудбалери под закана за суспензија

Дерби

15/04/2025

12:50

1.202

Големина на фонт

а а а

Интер ќе се обиде да ја искористи предноста заработена на првиот натпревар со Баерн Минхен, но фудбалерите на италијанскиот тим мора да бидат внимателни во пресрет на евентуалното полуфинале.

Дури пет важни играчи на италијанскиот шампион се под закана за суспензија за првото полуфинале и нема да настапат во евентуален таков натпревар ако добијат жолт картон на утрешното соочување со Баерн во Милано.

На списокот е Лаутаро Мартинез, кој е клучен играч во офанзивниот дел за Интер, во средниот ред во опасност се Барела и Мхкитарјан, додека во одбраната највнимателни треба да бидат Павар и Бастони.

Под ваква закана е и Дензел Дамфрис, но тој ќе го пропушти утрешниот натпревар поради повреда.

Интер на првиот натпревар победи со 2:1 и ќе влезе во реваншот со предност во однос на Баерн.