Градоначалникот на Рим: Урбана војна на улиците пред дербито Лацио – Рома

Макфакс

15/04/2025

12:46

808

Големина на фонт

а а а

Во судирите меѓу полицијата и хулиганите во пресрет на римското дерби меѓу Лацио и Рома, повредени се 24 полицајци, а причинета е материјална штета од 40.000 евра.

„Згрозен сум. Неприфатливо е хулиганите да трансформираат фудбалски натпревар во сцена на урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.

Околу 2.000 полицајци беа распоредени на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, а конфликтот започна кога навивачите на Лацио се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Навивачите фрлаа пиротехника и тврди предмети кон полицајците. Полицијата одговори со солзавец и водени топови.

И Лацио и Рома изразија солидарност со повредените полицајци и го осудија насилството. Натпреварот заврши нерешено 1:1.