Фудбалерите на Шкендија забележаа уште една победа во најсилниот домашен шампионат, овојпат на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш со 1-0.
Клубот од Тетово поголемиот дел од второто полувреме го играше со играч помалку по исклучувањето на Адили (65 минута), но успеа да се снајде и со голот на Љатифи во 69 дојде до трите бода со кои останува на првата позиција со плус четири во однос на Силекс кој денеска со пресврт ја доби Воска Спорт со 2-1.
Вардар пак триумфираше во Струмица кај Брера со 2-0 со головите на Закариќ и Спахиу со што направи уште еден значаен исчекор кон обезбедување на опстанок во елитната македонска фудбалска конкуренција.
Останати резултати: Шкупи-Работнички 0-0, Беса-Гостивар 2-1, Струга-Пелистер 4-1 (вчера)