[ФОТО] Бен Афлек ги изненадил обожавателите на снимањето на новиот филм – Носел свршенички прстен

Точка

06/04/2025

12:06

1.405

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек бил фотографиран со бурма на левата рака на снимањето на претстојниот филм „Animals“, што го привлекло вниманието на медиумите и обожавателите.

Камерите го фатиле актерот на пауза од снимањето, а златниот прстен јасно бил видлив. Иако многумина помислиле дека Бен решил да го задржи венчалниот прстен и по разводот со Џенифер Лопез, подоцна било објаснето дека прстенот всушност бил само дел од неговата улога во филмот.

Афлек и Лопез официјално се развеле на 21 февруари оваа година. Според судските документи, нивниот спогодбен развод бил одобрен на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднела барање за развод. Парот уште во септември постигнал договор и на тој начин избегнале долготрајна судска битка.

Во интервјуто за априлското издание на магазинот „GQ“, актерот за прв пат прозборел за нивниот развод, и ја пофалил Лопез, велејќи дека таа подобро се справувала со славата од него.


„По природа сум нешто поповлечен и поприватен од неа. Како што често се случува во врските, не секогаш го имате истиот став кон таквите работи. И затоа помислив – интересно е, како да се усогласат овие разлики? Затоа што ја сакам и поддржувам таа личност. Верувам во неа. Таа е извонредна. И сакам луѓето да го видат тоа“, рекол Афлек.

Тој за самото раскинување рекол: „Луѓето често сакаат да ја пронајдат главната причина или некоја драма во раскинувањето. Но, искрено, вистината е многу посекојдневна, обична и можеби помалку интересна отколку што би очекувале луѓето. Нема скандал, нема сапунска опера, нема интриги. Кога некој ќе те праша „еј, што се случи“, навистина не постои конкретен одговор. Тоа е само приказна за двајца луѓе кои се обидуваат да се разберат себеси и сопствените односи – како што сите го правиме тоа“.