Иако тоа се случило пред речиси две години, крунисувањето на кралот Чарлс многумина сè уште го паметат. Некои и до ден денес го анализираат, а меѓу нив е и читателот на усни Џереми Фримен, кој тврди дека принцот Хари за време на церемонијата се пожалил од идниот крал.
Хари седел до Џек Бруксбанк, сопругот на неговата братучетка, принцезата Јуџин. Според „Сан“, принцот му рекол на Бруксбанк: „Преку глава ми е од начинот на кој се однесуваат со мене. Ситуацијата не е идеална“. Иако не го спомнал Чарлс, многумина веруваат дека тој мислел на кралското семејство.
Брзо заминување од Велика Британија по крунисувањето
Крунисувањето на Чарлс беше првпат Хари да биде снимен со кралското семејство откако се преселил во Калифорнија со сопругата Меган Маркл. Повеќето веруваат дека принцот сакал максимално да ја скрати посетата на Велика Британија, бидејќи веднаш по церемонијата се упатил кон аеродромот за да се врати во Америка.
Потсетуваме дека односите меѓу Хари и кралското семејство веќе со години се затегнати. Сè започнало кога Хари и Меган се откажаа од своите службени должности во 2020 година и се преселија во САД. Оттогаш, Хари бил во посета на Велика Британија само неколку пати, а освен за крунисувањето на Чарлс, тоа го направил и за погребот на кралицата Елизабета Втора кога на Чарлс му бил дијагностициран рак.
Односите меѓу Хари и Вилијам
Хари во последно време не е близок ниту со својот брат, принцот Вилијам. Наводно, Вилијам своевремено го советувал својот брат да ја забави врската со Меган, што Хари го сфатил како критика.
Односите дополнително се влошиле по преселувањето на Хари. Британските медиуми претходно објавија дека браќата не разговарале речиси две години, а имаше и информации дека Вилијам не би сакал Хари да присуствува на неговото крунисување.