[ВИДЕО] Едвардс погоди тројка од невозможна позиција за потврда на победата на Минесота

Дерби

06/04/2025

11:29

620

Големина на фонт

а а а

Минесота е цврста во намерата да обезбеди директно место во плејофот во НБА лигата, а со петтата победа во низа, „волците“ се поблиску до такво нешто.

Натпреварот против Филаделфија се покажа доста сложен за Минесота и беше решаван во самата завршница, па во моменти кога се кршеше резултатот, клучниот потег му припадна на Ентони Едвардс.

Најдобриот играч на гостинскиот тим се чинеше дека се „заглави“ на 7 секунди пред крајот и ризикуваше Филаделфија да има напад за победа, но кога ситуацијата изгледаше невозможна, Едвардс погоди нестварна тројка и ја потврди победата.

Со трите поени, Едвардс само го потврди статусот на херој во победата на Минесота, а конечниот резултат гласеше 109:114.

Ентони беше убедливо најдобар на паркетот со 37 реализирани поени, 14 повеќе од Гобер, односно девет повеќе од Гримс кој беше најдобар во Филаделфија.