Драги Шпага: Наместо комедија, излезе порно

Точка

04/10/2011

22:35

38.986

Големина на фонт

а а а

Победник во реалното шоу Тоа сум Јас, искуство во порно филм и екс- бурекџија, ете тоа е накратко лично- професионалната карта на Драги Шпага. Периките му се заштитен знак, прави шпага без проблем, а во слободно време е заразен од игрите на компјутер. Во ова интервју читате за Драга Шпага, без пардон, без цензура, без предрасуди.

Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро Бар - Барбакан


--

Драги, колку перики имаш?

Имам 10-12 перики, а стилот на фризура кој ми одговара е оној од 80’ години, Дуран Дуран стил. Инаку едно време носев афро-фризура, а најомилена ми беше онаа која што ја носев во шоуто, таа се распадна веќе, од Хонг Конг ми беше. Оваа сега што ја носам си ја купив од Загреб од специјализирана продавници за перики. Инаку една перика ме чини од 200 до 300 евра.

Се сметаш ли себе си за македонска порно ѕвезда?

Не, не баш. Имав некои испади, но јас не припаѓам таму. Јас би направил еден финиш во Италија, на мои трошкови.

Ќе има ли продолжение на порно филмот ‘Жена ми Мира’ пак маструбира каде што ја играш главната улога?

Не, нема да има втор дел. Доволно беше еден таков филм. Не бев добро сфатен со тој филм, сакав комедија да биде, излезе порно. Беше премногу исфорсирано, лоша реализација, се набрзина и не сум задоволен од тоа каков беше комплетниот дел на подготовка, како што не ми се допадна ни финалниот производ.



Во 2004 година учествуваше во Реалното шоу ‘Тоа сум Јас’ каде што излезе како победник. Беше ли тоа твој најголем успех на професионален план?

Јас имав бурекџилница во 90-те години, кога се одеше на бурек ноќе. Тоа беше најголем хит, сите после дискотека доаѓаа на бурек. Заработував многу, дури и во Германија не се прават толку пари како што правев јас со тој бизнис. Интересно беше во шоуто, дружење, еден вид на експеримент. Така што не сметам дека шоуто е мојот најголем успех, туку бурекџилницата која што ја имав.

Зошто Драги Шпага?

Тоа Шпага ми излезе во 92 година кога завршив со академијата, правев многу шпаги, сакав да бидам забавен, ме биваше за тоа и така, ден по ден, шпага по шпага станав Драги Шпага.

Имаш ли девојка и какво е твоето искуство со жени?

Мометнтално немам девојка. Имав една долга врска од 10 години, од 1990 до 2000 година, но така опуштена и слободна врска, без некои големи обврски и сето тоа заврши. Сум имал многу девојки во животов. Добро, се наоѓа сега нешто, ама ништо посериозно. Кога бев во Куба, си запознав едно многу фино девојче, доста е помлада од мене, но ако можам да си ја донесам тука ќе биде супер.

Се сметаш ли себе си за добар љубовник со оглед на тоа дека имаш и порно искуство?

Солиден љубовник сум, не сум нешто нај нај, ама ок е. Задоволен сум самиот од себе, не се давам.



Три трик прашања одговорени со Да или Не

1. Задоволен ли си од големината на твојот полов орган?

Да

2. Си имал ли секс со повеќе од две девојки истовремено?

Да

3. Ги сакаш жените, но ти се пуштале ли и мажи?

Да

И за крај, што ги советува Драги сите читатели на ТОЧКА?

Па да живеат по свое и да не живеат за другите. Нека не јадат месо, јас сум вегетаријанец и воопшто не ми е лошо. Поздрав и читајте ТОЧКА.