Низ годините, континуирано вложувавме (директно и индиректно) во едукација на пазарот за потребата и придобивките на производите како сауни, парни бањи, базени итн, менувајќи ја постепено перцепцијата за овие производи од нешто што е “луксуз”, во нешто што во суштина значи здрав начин на живот, грижа за себе и за сопственото тело и здравје, изјави Васил Филипов, сопственик на Пирин Експорт.
Како е да се гради и одржува бренд повеќе од 30 години на пазарот кај нас?
Секој почеток е тежок и поврзан со различни предизвици. Кон секоја промена постои отпор, а новитетите потешко се прифаќаат, поради страв, предрасуди и недоверба. Клучно еден бренд да преживее и да се развива е конзистентноста на испорачување на високо квалитетни производи, кои ги исполнуваат или надминуваат очекувањата на клиентите. Ова е вистинскиот начин на градење на доверба, а со тоа следствено и на зајакнување на брендот.
Низ годините, континуирано вложувавме (директно и индиректно) во едукација на пазарот за потребата и придобивките на производите како сауни, парни бањи, базени итн, менувајќи ја постепено перцепцијата за овие производи од нешто што е “луксуз”, во нешто што во суштина значи здрав начин на живот, грижа за себе и за сопственото тело и здравје.
Цените, особено за сауните кои ги вградуваме во домови, не се водат повеќе како премногу високи, бидејќи една целосно изработена Финска сауна клиентите може да ја добијат и за 2000 евра, а во однос на начинот на плаќање овозможуваме олеснувања.
Може да се забележи драстична разлика во продажбата и во специфичните барања на клиентите од пред неколку години и сега. Денес, клиентите голем акцент ставаат на одржување на здравјето, здравиот изглед и убавината, така што тие и самите се едуцирани и доаѓаат кај нас однапред знаејќи точно што ќе купат и инсталираат во својот дом.
Освен во Македонија, вашиот бренд веќе е препознатлив и во неколку соседни земји, како се справувате со предизвиците кои следат од проширување на брендот надвор од државата?
Од пред 10-тина години, активно почнавме да работиме во Косово и во Албанија и таму сме позиционирани со брендот “saunas.al”. Денес веќе се пробиваме и подалеку од соседството, односно Швајцарија, Германија и Австрија. Се’ започна со клиенти кои се родени во Македонија, а работат или живеат во овие земји и генерално работата се реализира по препорака. Нема подобра реклама од добриот глас на задоволен клиент!
Кај овие проекти предизвиците се поголеми, пред се поради логистика до самата дестинација, како и во однос на одржувањето на потребните состаноци за дефинирање на детали и слично. Но за среќа технологијата ни овозможува полесна комуникација, и целиот процес пред изведба да се реализира без директен контакт.
Многу сме горди на фактот, дека веќе и големи корпорации не препознаваат како бренд и отворени се за соработка за комплексни проекти како хотели и ресорти во Дерми, во Тирана, во Приштина, Призрен итн. Огромна е разликата во работењето со овие типови на клиенти за разлика од физичките лица. Организацијата е макотрпна, но со добра стратегија и планирање се се постигнува.
Колку е битен тимот за развој и одржување на Брендот?
Формирањето на тим со внимателно избрани специјализирни лица кои воедно можат да се координираат и да работат заедно е доста тешко во денешно време, но по толку години, успеавме да ја најдеме добитната формула. Сметаме дека добриот тим е клучен, бидејки пред се’ работиме со сопствено производство и колку и да е добар материјалот кој го вградуваме, квалитетот на финалниот производ во огромна мера зависи од луѓето кои се задолжени за производство и монтажа.
Васил како млад менаџер сопственик, кои се главни мотиватори (а воедно и предизвици) при водењето на Пирин Експорт, која се вбројува меѓу лидерските компании од балканот, на пазарот за Сауни и СПА?
Некогаш за мене главен мотиватор е и надминување на самите предизвици во овој бизнис. Имам доста силен натпреварувачки дух па некогаш ми е дури и забавно да се натпреварувам со сите потешки ситуации кои знаат да се случат.
Кога се работи за компанија која веќе излегла надвор од домашниот пазар потешкотиите на пробивањето односно потоа задоволството од успешно естаблирање на пазарот и задоволните клиенти сe огромен мотиватор,а за мене и потврда за успешното работење на компанијата. Секојдневно се трудиме да го зголемиме квалитетот и да ги задоволиме се поспецифичните барања на клиентите за да може и понатаму да се одржуваме на врвот и да останеме една од лидерските компании во регионот.
Што може да очекуваме во иднина како новитети од вас и од СПА индустријата? Кои се трендовите во оваа индустрија?
Кога се работи за воведување новитети и следење трендови, како млад менаџерски тим сме особено внимателни и посветени. Генерално гледаме да го поставиме пазарното темпо, носејќи ги најновите светски СПА иновации во нашиот регион, но истовремено сме свесни дека нашиот пазар е поконзервативен и не е секогаш спремен да “прими” новини, па затоа доста внимателно одбираме што (и кога) да пласираме. Особено значајна улога во овој процес игра бренд менаџерот Дијана Бадаровска, која што притоа активно работи на етаблирање, одржување и проширување на двата бренда и тука и во странство (Pirin Export & Saunas.AL).
Нешто што може да се очекува во иднина и на што почнавме активно да работиме се дрвени конструкции во вид на мали куќички со една просторија приспособена за сауна и една тераса каде што може да се постави џакузи. Овој производ е наменет за дворови, викендици и поголеми тераси. Има неколку модели со различни дизајни од кои може да се одбере. Овие иновативни решенија се долготрајни, целосно изработени од дрво (од обновливи извори) и се приспособени и исклучително издржливи на сите надворешни услови.