[ВИДЕО] Трамп одговори на прашањето „што е жена“

Макфакс

30/03/2025

13:01

1.655

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика смеа кај новинарите кога еден од нив го замоли да дефинира што е жена.

Трамп зборуваше на прес-конференција кога еден новинар му кажа дека претседателот направил многу за жените, пред да ги наведе жените кои имаат моќни улоги во неговата администрација, вклучително и шефицата на кабинетот Сузи Вајлс, прес секретарката Каролин Левит и јавната обвинителка Пем Бонди.

„Бидејќи се чинеше дека демократите се мачеа да одговорат на ова прашање, сакам да ве прашам што е жената и зошто е важно да ја разбереме разликата помеу жените и мажите?“ прашал новинарот.

Присутните се насмеаа, а Трамп рече дека на прашањето е лесно да се одговори.

„Жената е некој кој може да имаат бебе под одредени околности. Таа има еднаквост. Жената е личност која е многу попаметна од мажот. Жената е личност која дури не му ни дава на мажот шанса да успее”, рекол Трамп.

Потоа се осврна на прашањето за трансродовите спортисти кои се занимаваат со женски спортови.

„А жената е личност која во многу случаи е третирана многу лошо. Затоа што мислам дека она што се случува со ова лудо, лудо прашање за тоа дека мажите можат да играат женски спортови е смешно и многу неправедно кон жените, а и многу понижувачко кон нив“, рече Трамп.

Администрацијата на Трамп презеде брза акција за борба против родовата идеологија. Трамп потпиша наредба која посебно се однесува на прашањето на транс спортистите во женскиот спорт. Наредбата им забранува на образовните институции кои добиваат федерални средства да им дозволуваат на транс спортистите да се натпреваруваат против жени.