Видеолотарија со донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост - Ластовица

Точка

01/04/2025

14:56

409

Големина на фонт

а а а

Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува својата мисија како општестевно одговорна компанија. Обезбедивме донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост – ЛАСТОВИЦА во Скопје.

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост ЛАСТОВИЦА Скопје. Оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите и поддршката која здружението им ја нуди на децата и младите со попреченост.

Со оваа донација годинава ќе се обезбедат:

• опрема и дидактички материјали неопходни за стимулација и поддршка на детскиот развој,

• организација и реализирање на рехабилитациони третмани,

• едукативни програми-изучување на знаковен јазик и Браевото писмо,

• организирање на инклузивни или интерактивни активности и излети, кои ќе помогнат за социјализацијаа и интеграција на децата во секојдневието

Дел од вработените во Видеолотарија Касинос Австрија и доброволно се вклучија во изучувањето на знаковниот јазик. На овој начин сакаме да ја подигнеме свесноста и важноста за знаковниот јазик, но и да стекнеме способност за невербална комуникација. За нас, ова е голема одговорност. И во иднина ќе продолжиме да бидеме дел од иницијативите кои имаат директно влијание врз заедницата. Веруваме дека секое дете заслужува еднакви можности и се надеваме дека со оваа донација ќе им помогнеме да го достигнат својот потенцијал.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Државна Видеолотарија и во иднина ќе продолжи да го развива својот идентитет на модерна и општествено одговорна компанија преку поддршката на проекти кои позитивно ќе влијаат врз заедницата. Само за потсетување, во 2024 нашата посветеност кон оваа цел од која придобивки имаат сите граѓани, ја потврдивме со низа активности за што издвоивме вкупен буџет од 45.980.779 денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите