Зошто не можеме да се помириме со загубата? Зборовите на Карл Јунг ќе ве натераат да размислите

Точка

28/03/2025

16:30

1.860

Големина на фонт

а а а

Некои луѓе лесно го преболуваат раскинувањето и брзо се приспособуваат на помалку убавите моменти во животот, додека други пак се спротивставуваат на промените и не можат да се откажат од некоја личност или ситуација, дури и кога тоа нешто е спротивно на здравиот разум.

Интересно мислење зошто тоа им се случува на многу луѓе даде познатиот психијатар Карл Густав Јунг.

„Никогаш не го испуштаме она што ни е потребно и она што ни станува премногу драго и за кое сме се приврзале, ако нема компензација или замена за тоа нешто или тој некој“, вели Јунг.


Всушност потребата од она што ни недостасува не исчезнува, таа само ја менува својата нијанса, па за да се ослободиме од личноста или ситуацијата, важно е да ја надополниме празнината што ни ја остава, не само духовно, туку и материјално.

Овој механизам работи на следниов начин. Го цените реткото и скапо чоколадо ако имате само едно, но штом се укаже можност да добиете такво, вредноста на чоколадото опаѓа. Ако имате 10 чоколади, губењето на едно повеќе не се чувствува како голема загуба.

Точно истото се случува и со човечките квалитети. Штом сфатиме што губиме, се трудиме тоа да го надоместиме и потоа не ја пуштаме личноста да си оди. И за да го надоместите она што заминува, важно е да разберете што точно ве привлекло и вовлекло во таа ситуација и да се обидете да го развиете тоа во себе или во вашиот живот.

На пример, одредена личност била единствената која ве разбирала целосно. Па, научете да се разбирате себеси и најдете круг на истомисленици. Излезете, развијте интереси, теми за комуникација и нема да се чувствувате осамено.


Важно е да се запамети дека секоја ситуација може да има многу можни исходи, вклучително и неочекувани и навистина тешки. Понекогаш, за да се добие, треба да попуштите, да се соочите со загубата и да најдете начин како да ја прифатите.

Карл Јунг е светски познат швајцарски психијатар, основач на едно од областите на длабочината, аналитичката психологија. А еден од неговите совети за среќа е:

„Ако сакате сами да ја обликувате својата судбина, мора да бидете подготвени да ризикувате. Ќе има моменти кога ќе треба да излезете од вашата комфорна зона и да пробате нови работи“.