Постите но сте уморни и исцрпени? Руски монах советува што да правите кога ќе ви стане премногу тешко

Точка

28/03/2025

13:00

2.485

Големина на фонт

а а а

Велигденските пости се во тек, а верниците често се прашуваат што да прават доколку периодов се соочат со голем замор и бројни обврски. Дали тогаш треба да го прекинат постот, донекаде да ги ревидираат правилата на постот пропишани од Црквата или да продолжат да постат, верувајќи дека ќе ја надминат физичката и психичката исцрпеност? Одговор на ова прашање дал рускиот монах Афанасиј Гумеров од Сретењскиот манастир.

Многумина кои ги следат правилата на постот работат напорно, многу учат и малку спијат, што им отежнува да ги почитуваат правилата на вистински начин, бидејќи постојано се чувствуваат уморни. И покрај тоа што за време на велигденскиот пост е пропишано храната да се подготвува главно на вода, верниците кои не можат да издржат си дозволуваат да користат растително масло, да пржат храна и да пијат витамини, но и понатаму чувствуваат слабост и немоќ. Тие имаат проблеми и со концентрацијата, што е особено тешко за студентите кои се подготвуваат за испити. Во отсуство на духовник со кој би се посоветувале, Афанасије Гумеров, руски монах од Сретењскиот манастир, јавно одговорил на ваквите недоумици на верниците.


Како правилно да постите?

„Пред сè, пофална е желбата да се следат светите закони на Црквата. Господ ја прифаќа секоја искрена жртва. Сакам да ве посоветувам да вршите физички пост и молитвеното правило да го извршувате според вашите сили. Вистината е дека не е секогаш лесно да се одреди оваа мерка. Еден од показателите дека правилно го насочуваме нашиот живот е внатрешното задоволство и мир во душата“, пишува Религија.рс.


„Во таа телесна слабост можете да користите било која посна храна, не одрекувајќи се од растителните масла. Исто така, разумно одредете ја количината на храна. Кога силите не се доволни, трпат нашите работи коишто мораме да ги извршуваме.


Тоа е христијански долг. Најважен е духовниот пост: благодарност кон Бога за сè, смирен и љубезен однос кон луѓето, чистота на мислите и чувствата, мудрото чување на јазикот. Молитвеното правило исто така приспособите го за да ви остане и време за одмор, во спротивно ќе се акумулира замор. Центарот на нашиот живот треба да биде исполнувањето на евангелските заповеди“, навел монахот Гумеров.