Гвинет Палтроу и Меган Маркл ги шокираа обожавателите во вторникот кога се појавија заедно во видео, сакајќи да стават крај на шпекулациите за наводната караница меѓу нив, пишува „Дејли мејл“.
Оскаровката, која има 52 години, одговори на гласините во текот на сесијата „прашање и одговор“ на Инстаграм. Еден од нејзините 8,7 милиони следбеници ја праша: „Дали го разбираш овој конфликт со Меган Маркл за кој зборуваат социјалните мрежи?
Неочекуван пресврт во кујната на Гвинет Палтроу
Палтроу, која снимала во живо во својата кујна во Лос Анџелес, одеднаш рекла: „Јас искрено воопшто не разбирам за што се работи тука“, а потоа ја свртела камерата и прашала некого надвор од камерата: „Дали ти го разбираш ова?“.
Во тој момент, кога ја придвижила камерата надесно, следбениците можеле да видат дека до неа седи Меган Маркл, војвотката од Сасекс (43), која со насмевка ги кренала рамениците додека јадела парче пита.
Во тој момент, кога ја придвижила камерата надесно, следбениците можеле да видат дека до неа седи Меган Маркл, војвотката од Сасекс (43), која со насмевка ги кренала рамениците додека јадела парче пита.
Ова заедничко појавување доаѓа во време на споредби помеѓу контроверзното шоуто на Маркл на Нетфликс „Со љубов, Меган“ ( With Love, Meghan) и брендот „GOOP“ на Гвинет. Многу обожаватели ја обвиниле Маркл дека ја копирала Палтроу.
Палтроу дополнително ги подгреала шпекулациите кога во текот на викендот објавила видео на кое подготвува појадок во пижами.
Обожавателите веднаш реагирале на социјалните мрежи: „Гвинет продолжува да фрла сенка на Меган и јас сум тука за тоа! Без шминка, во својата вистинска кујна!”; „Дури и музиката… тоа е Натали Кол и песната „This Will Be (An Everlasting Love)“, истата од промо видеата на Меган Маркл!
Меган Маркл на мета од критики - луксузниот против „природниот“ пристап на Гвинет Палтроу
Додека Меган е совршено средена цело време во своето шоу, во дизајнерска облека и снимања во изнајмена кујна вредна 8 милиони долари, во своето видео Гвинет била шминка, во лежерна облека, во сопствена кујна.
Тоа собрало многу пофалби од луѓето на мрежата: „Автентична во секој поглед! Во пижами, без шминка, пие кафе - таа дури и не мора да каже ништо".
Случајна сличност или внимателно осмислен маркетинг?
И додека некои веруваат дека Гвинет Палтроу намерно ѝ испратила порака на Меган Маркл, други тврдат дека таа само продолжува со своите вообичаени содржини.
Што мислите - дали ова беше случајност или и двете свесно влегле во оваа „војна за појадок“?