Капело го посочи најдобриот тренер на светот: Прави вино од различно грозје

Дерби

23/03/2025

17:16

2.434

Големина на фонт

а а а

Фабио Капело е едно од најценетите фудбалски стратези, стратег кој одбележа една ера во светот на фудбалот со многу освоени титули во повеќе клубови и повеќе натпреварувања.

Италијанецот веќе некое време нема ангажан меѓутоа со оглед на возраста и тоа е разбирливо, но е актуелен, активен со коментари, реакции ставови на различни теми, прашања.



Токму дон Фабио доби можност да одговори кој е најдобриот менаџер на светот, прашање на кое тој нема никаква дилема.

-Карло. Карло Анчелоти е најдобриот тренер на светот. Каде и да водел тим, тие победувале. Ми се допаѓа бидејќи може да игра во различни стилови со различни играчи.



-Тој е навистина интелигентен. Не говори „овој стил е мој стил и тоа е тоа“. Прави вино со различно грозје, -вели Капело, а пренесува „Дејли Мејл“.