Неверојатен податок: Се борат за ЛШ во Серија А, а само 60 секунди имале италијански играч на теренот

Дерби

17/03/2026

11:58

306

Големина на фонт

а а а

Понекогаш чудни ситуации се случуваат во фудбалот, па дури и на највисоко ниво во првенства како што е Серија А.

Имено токму од италијанската елита ни доаѓа еден нереален податок, а е поврзана со екипата која може да избори пласман во Лигата на шампионите-тоа е Комо.

Амбициозниот Комо пред две години се врати во Калчо лигата и во оваа кампања брка позиција која води во елитното натпреварување, нешто што дефинитивно е реално со оглед на тоа што е четврти на девет кола пред крајот.

Јувентус и Рома ќе се обидат ова да го сменат до крајот на сезоната, да го „турнат“ составот кој го предводи Сеск Фабрегас со тоа што тоа нема да биде едноставно затоа што овој клуб покажа квалитет, знаење, борбеност.

Меѓутоа токму со Комо е поврзан неверојатен податок, а тоа е дека само 60 секунди имале домашен, италијански играч во натпреварувачката 2025/2026. Се работи за Едоардо Голданига кој влегол како замена против Фиорентина во месец септември.

Од друга страна, Каљари е тимот кој им дава најмногу минути на италијанските играчи, што претставува 18.868 минути во Серија А оваа сезона.

Кремонезе е следен со 16.212 минути, Фиорентина (14.873 минути), Пиза (12.895 минути) и Лацио (12.255).