Енцо Фернандез најави дека ќе го напушти Челзи

Макфакс

18/03/2026

10:39

259

Големина на фонт

а а а

Пред само осум месеци, Челзи го победи ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство и најави дека тимот е подготвен за големи работи, сепак по елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите, ситуацијата во клубот е алармантна.

Енцо Мареска повеќе не е таму, а малкумина веруваат дека Лиам Росениор е подготвен да издржи голем притисок и соработка со раководството на клубот.

Како што се очекуваше, веќе кружат гласини дека челниците ќе му „судат“ на крајот од сезоната врз основа на резултатите, кои во моментов не се ветувачки.

ПСЖ го доби двомечот со вкупен резултат од 8:2, додека со поразот од Њукасл, Челзи ја искомплицира борбата за место во Лигата на шампионите.

Дополнителен проблем за Челзи преставува и чудната изјава на капитенот Енцо Фернандез по поразот од ПСЖ. Аргентинецот јавно изјави дека не може да гарантира дека ќе остане во клубот и следната сезона.

„Не знам дали ќе бидам тука и следната сезона. Имаме уште осум натпревари и ФА Купот. Потоа доаѓа Светското првенство, па ќе видиме“, рече капитенот на Челзи.