Поранешен фудбалер на Баерн почина по страшна несреќа на теренот: Добил удар со нога во глава, паднал во кома, па починал

Точка

20/03/2025

14:51

3.112

Големина на фонт

а а а

Голема трагедија го погоди светот на фудбалот.

Младиот кинески фудбалер Гуо Џијаксуан (18) почина по жестоката борба на лекарите за неговиот живот, откако пред еден месец претрпе силен удар за време на натпревар меѓу младинските селекции на Пекинг и шпанскиот клуб Алкобендас во Мадрид.

Трагедијата се случила кога Џијаксуан добил удар со колено во главата, по што паднал во кома.

Guo Jiaxuan has passed away just hours before what would have been his 19th birthday.


Guo fell into a coma on 6th...

Posted by Fabrizio Romano on Thursday 20 March 2025

Брзо бил прогласен за „мозочно мртов“, а потоа бил префрлен во Кина за понатамошен третман во болницата Тиантан во Пекинг.

И покрај сите напори на лекарите, седум дена по прогласувањето на Џијаксуан за „мозочно мртов“, стигна и веста за неговата смрт.

Оваа трагична вест го погоди и германскиот гигант Баерн Минхен, кој се огласи поради смртта на фудбалерот што имаше можност да го покаже својот талент и на тренинзи со овој тим.


„Баерн тагува поради смртта на поранешниот играч на светскиот тим, Гуо Џијаксуан, кој почина во својата татковина, Кина, на 18-годишна возраст. Почина од последиците на тешка повреда на главата по трагичната несреќа за време на тренинг-натпревар во Шпанија на 6 февруари. Клубот е блиску до неговото семејство и пријатели. Талентите од целиот свет добиваат можност да се покажат во професионалниот фудбал, а Гуо Џијаксуан беше и член на кинеската младинска репрезентација“, стои во соопштението на Баерн Минхен.