Три опции се пред Салах

Макфакс

25/03/2026

10:35

311

Големина на фонт

а а а

Во истиот момент кога Мохамед Салах објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, започнаа шепкулациите каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што пишува „Дејли Мејл“, има заинтересирани тимови, а најмногу во приказната се вклуечни клубови од Саудиска Арабија и американската МЛС лигата.

Според информациите на „Атлетик“, Арабија останува најсериозна дестинација. Особено е важен Ал Итихад, кој се обиде да го донесе и во 2023 година. Иако трансферот не се случи во тоа време, врските меѓу двете страни сè уште постојат.

Сепак, „Ливерпул Ехо“, носи информации дека Салах размислува за враќање во Италија, каде што го носеше дресот на Рома и Фиорентина.

Секако, Египќанецот има време да размисли и да донесе одлука за тоа што е најдобро за неговата иднина.