Директор на Баерн за нивниот најпосакуван играч: Не ни размислуваме на таа тема

Дерби

25/03/2026

11:53

209

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен игра одлично во актуелниот состав и под водство на Венсан Компани, а она што посебно ги радува фановите на германскиот тим е формата и потенцијалот на Мајкл Олисе.

Иако Хари Кејн со своие голови можеби останува најголема ѕвезда на баварскиот тим, Олисе со својата форма потврдува дека Баерн има играч кој може да ја нападне и „Златната топка“, а веќе го привлекува вниманието и на сите големи европски клубови.

Ливерпул се споменуваше како најсериозен кандидат и клуб кој би платил висока сума за да добие соодветна замена за Мохамед Салах, но одговорните во Баерн не сакаат ни да слушнат за разделба по било која цена. Тоа за „Шпортбилд“ го потенцирал и еден од клупските директори, Макс Еберл.

– Воопшто не ни размислуваме на таа тема.

– Тој е играч на Баерн и овде ги има сите предуслови и можности кои се посакувани од најквалитетните фудбалери. Мајкл има договор до 2029 година, во него нема никакви откупни клаузули и затоа сме релаксирани, – рекол Еберл.

Медиумот дополнува дека во рамките на целото раководство на Баерн постои консензус дека Олисе не е за продажба и дека таквиот став нема да биде променет без разлика што од Англија може да пристигне понуда тешка над 100 милиони евра.