Рома игра навистина квалитетно и сигурно под водство на Клаудио Раниери, но во продолжението од сезоната останува без еден од најдобрите играчи Пауло Дибала.
Дибала предвреме го заврши натпреварот со Калјари, меч за кој беше под знак прашалник и на крајот одигра само 12 минути. Тој веќе некое време не е максимално фит, подготвен и последнава повреда ќе му донесе операција која ќе го оддалечи од терените некое време.
- Прво сакам искрено да ви се заблагодарам за љубовта и поддршката што секогаш ми ја давате. Откако ги добив резултатите од тестот и проценив различни опции, решив да подлежам на процедура сега за да се вратам што е можно поскоро. Иако извесно време ќе отсуствувам од терените, сакам да продолжам да ги поддржувам соиграчите од Рома во оваа клучна фаза од сезоната и да навивам за нашата репрезентација како само уште еден навивач на овие квалификациски натпревари.
- Ќе се вратам наскоро, уште посилен – ветувам. Се гледаме наскоро на теренот. Форца Рома и Вамос Аргентина, -напиша Дибала на социјалните мрежи.