Де Хеа ги посочи петте најдобри играчи со кои играл во Јунајтед

Дерби

27/03/2025

15:49

2.928

Големина на фонт

а а а

Давид Де Хеа најголемиот дел од својата досегашна кариера ја мина во редовите на Манчестер Јунајтед, клуб во кој настапуваше со успех од 2011 до 2023 година, период во кој значаен дел во освојувањето на титули во Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Лига Европа.

Низ тие 12 години Шпанецот имаше можност да соработува, да ја дели соблекувалната и теренот со многу квалитетни играчи, но според него неколкумина се издвојуваат, поточно се најдобри.

- Ван Перси, Кристијано Роналдо, Руни, Ибрахимовиќ и Лукаку. Кога не постигнуваа голови против мене на тренинг, тие беа фрустирирани, - вели Де Хеа кој сега е дел од Фиорентина каде ужива и сака да остане и во иднина во Фиренца.

- Потпишав на една година и клубот има опција за продолжување. Среќен сум во Фиренца и во Фиорентина, но прво треба да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Градот е прекрасен, а луѓето се неверојатни. Клубот има уникатна историја, а Франки ме возбудува. Прекрасно е и страсно. Веднаш и кажав „ДА“ на Фиорентина, Серија А секогаш ме привлекувала.

- Ми се допаѓа сè, почнувајќи од Виола Паркот [тренингот на Фиорентина], каде што живеев првите неколку месеци. Претседателот Комисо и тренерот Паладино имаат визија; постои цврста врска. Сакаме да притискаме што е можно повеќе за да обезбедиме место во Европа и да се обидеме да ја освоиме Конференциската лига, - порача Шпанецот за „Ла Република“.