Скалони: Меси на СП? Не сакам…

Дерби

27/03/2025

12:30

1.497

Големина на фонт

а а а

Аргентина со убедливата победа над вечниот ривал Бразил (4-1) го прослави пласманот на Светското првенство кое е на програмата наредната година и тоа во три држави САД, Мексико и Канада.

Ова значи дека „гаучосите“ ќе имаат можност да ја бранат освоената титула од претходниот мундијал во Катар, но останува да се види во каков состав и дали дел од истиот ќе биде капитенот Лионел Меси.

Меси го пропушти последниот „прозорец“ и не беше во комбинација за пресметките со Уругвај и Бразил каде Аргентинците забележаа две победи. Тој веќе некој период се соочува со повреди, не игра постојано ниту за Интер Мајами, ниту за националниот состав, па селекторот Лионел Скалони запрашан за тоа дали ветеранот ќе биде дел од мундијалот во 2026 година директно одговори:

- Одиме натпревар по натпревар. Не сакам да се занимавам со тоа прашање цела година. Мораме да го оставиме на мира и тој да одлучи. Тој ќе одлучи и да не го полудуваме, - порача Скалони.