Трент Александер-Арнолд е на излезна врата од премиерлигашот Ливерпул или барем такви се информациите кои ги споделија повеќе светски медиуми, информација во која се вели дека англискиот репрезентативец се одлучил да сврти нов лист во кариерата и да се замине од „Енфилд Роуд“.
Договорот му завршува на крајот на месец јуни и како слободен играч треба да заврши во редовите на Реал Мадрид каде ќе биде соиграч со сонародникот Џуд Белингам.
И додека се чека официјална потврда на оваа вест, медиумите веќе прогнозираат кој може да го замени Трент во Ливерпул, поточно кои играчи се во игра за таа позиција. Премиерлигашот има две опции, да купи докажан десен бек или да инвестира во дефанзивец за иднината.
„Дејли Мејл“ излее со листа од осум имиња, фудбалери кои се потенцијална замена за Англичанецот, листа на која се Ашраф Хакими од ПСЖ, Жонатан Клос од Ница, Педро Поро од Тотенхем, Џовани Ди Лоренцо од Наполи и Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен како асови кои веќе се потврдени, а оние кои би биле инвестиција во иднината се Вандерсон од Монако, Џед Спенс од Тотенхем и Гела Ду од редовите на Стразбур.