Павар за амбициите на Интер: Мора да го задржиме овој дух, можеме…

Дерби

27/03/2025

15:45

1.453

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер има сезона во која игра добро во сите натпреварувања и во позиција да нападне доста трофеи до крајот на натпреварувачката 2024/2025.

„Нероаѕурите“ дозволија да им се „лизне“ од раце пехарот во Супер Купот на Италија, но пред нив се трката за Скудетото во кое се на пол позицијата, играат четвртфинале во Лигата на шампионите, а се и во полуфиналето на Купот.

- И минатата година беше тешко, но сега имаме многу силни противници како Наполи и Аталанта. Испуштивме бодови, но сме таму каде што сакавме да бидеме: во трка за се и на врвот во лигата. Невозможно е секогаш да бидете 100% со овие пеколни распореди. Го чувствуваме физичкиот и психичкиот замор, не сме машини. За највисоките нивоа ќе треба да зборуваме во иднина, бидејќи тоа не е одржливо, - вели дефанзивецот Бенжаман Павар кој смета дека Интер може да ја освои тројната круна.

- Можеби изгледа клише, но се е можно во фудбалот, дури и тројна круна. Мора да го задржиме овој дух до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме. Самоуверен сум бидејќи не гледам на тренинзите. Сите туркаат до максимум. Нема да се откажам за ниту еден трофеј, ова е она за што играм, не ми е доста од тоа, - порача Французинот.