Калафиори откри како Артета го убедувал да потпише за Арсенал

Дерби

20/03/2025

13:14

2.011

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот репрезентативец, Рикардо Калафиори ја игра првата сезона во дресот на премиерлигашот Арсенал во кого се пресели од редовите на Болоња за сума од 42 милиони фунти.

Ова за него е прва година во дресот на „топчиите“ и на 26 средби досега има учинок од 3 погодоци и 2 асистенции. Тој добива позитивни оценки за неговите настапи и се очекува во блиска иднина да биде уште подобар особено ако се знае дека има извонреден однос со менаџерот Микел Артета.

Артета бил човекот кој инсистирал Италијанецот да се пресели во северен Лондон, па самиот дефанзивецот откри како стратегот минатото лето го убедувал да направи трансфер на „Емирејтс“.

- Веднаш бев импресиониран од тоа колку се грижеше да ме запознае. Еден ден по телефон ми испрати неколку фотографии од моето семејство и ме замоли да кажам што значи секој член од семејството за мене. Вакво нешто не ми се случило претходно, не велам дека тој ме убеди само со ова, но секако претставуваше важен момент, - обелоденува Рикардо.