Нејмар повторно ја изневерил бремената девојка?! „Не го правевме тоа сами“

Точка

20/03/2025

11:12

2.216

Големина на фонт

а а а

Девојката на Нејмар, Бруна Бианкарди, во моментов е бремена со нивното второ дете, а бразилската ѕвезда наводно ја изневерил неколку пати. Сепак, тој инсистира дека не бил неверен повторно и дека само му го позајмил приватниот хеликоптер на пријател.

Иако е најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација, Нејмар (33) често е во фокусот на медиумите поради својот турбулентен приватен живот. Бразилскиот фудбалер оваа година се врати во Сантос, клубот каде што ја започна кариерата, а покрај него е неговата девојка и мајка на неговото дете, Бруна Бианкарди (30).

Парот ја започна врската во јануари 2023 година и помина низ бројни подеми и падови. Во есента 2023 година, само еден месец по раѓањето на нивната ќерка, Бруна потврди дека раскинале откако на интернет се појави снимка на која Нејмар заводливо танцува со друга жена.


Нејмар и низата афери

Тоа не беше крајот на скандалите. Во почетокот на 2024 година, се појавија гласини дека Нејмар очекува трето дете со друга бразилска манекенка, Аманда Кимберли (23). Иако фудбалерот во почетокот ги негираше тие тврдења и побара ДНК тест, во јули 2024 година, на Инстаграм потврди дека му се родила ќерката Хелена.

А сега, според бразилскиот медиум "Leo Dias", Нејмар повторно ја изневерил Бруна. Наводно, тој присуствувал на приватна забава со 20 проститутки и уште еднаш ја изневерил Бианкарди.

Според медиумот, Бруна дознала за аферата и се соочила со него. Таа наводно добила снимки каде што 33-годишниот фудбалер е опкружен со жени, а се зборува дека по забавата, Нејмар не се вратил дома, туку полетал со својот приватен хеликоптер и преноќил на друга локација.

Една од присутните жени дури дала изјава за бразилската ТВ-емисија "Fofocalizando", откривајќи дека спиела со Нејмар на забавата и дека „не го правеле тоа сами“.


Нејмар ги негира обвинувањата

Сепак, Нејмар ги негира сите тврдења и инсистира дека воопшто не бил на таа забава. Тој изјавил дека само му го позајмил својот приватен хеликоптер на пријател, кој го искористил за да оди на забавата.

Дополнително, како обид да ги демантира гласините, Нејмар објави фотографија на Инстаграм со својата девојка Бианкарди и нивната ќерка Мавие, испраќајќи порака дека неговата врска сè уште не е разнишана.