Ламин Јамал е еден од играчи кој ја носи и води Барселона во тековнава сезона, сезона во која каталонците веќе триумфираа во шпанскиот Супер Куп, први се во Примера, играат полуфинале со Атлетико Мадрид во Копа Дел Реј, а ги очекува четвртфинале со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Офанзивецот има учинок од 13 гола и 17 асистенции на 38 натпревари што дефинитивно му носи самодоверба, храброст да продолжи и да биде уште подобар. Токму тоа го мотивира и да дава храбри изјави, па така според него ако Барса ги освои титулите тогаш „Златната топка“ ќе се бара, бира меѓу него и Рафиња.
- Не сме разговарале за тоа. Ако ги освоиме титулите што ги имаме пред нас, еден од нас ќе ја освои, кој и да е. Многу сум среќен за Рафиња, секогаш му велам дека неговата промена е неверојатна и дека одлично се забавува. Златната топка не ме загрижува.
- Излегувам да уживам и да не размислувам за ова. Сакам да уживам и да се забавувам, да играм фудбал, што најдобро го правам и да не размислувам за овие работи, -порача Шпанецот за „Спорт“.