[ВИДЕО] Трамп го искористил хитот на рок-бендот во своето видео – Нивната реакција стана вирална

Точка

19/03/2025

15:47

1.449

Големина на фонт

а а а

Низ годините, бројни музичари јавно побараа од Доналд Трамп да престане да ги користи нивните песни на неговите политички собири и настани. Така, Селин Дион забрани нејзиниот хит „My Heart Will Go On“ да се пушта на собирите на Трамп.

Брендон Ури од „Panic! At The Disco“ му порача на Трамп „да од**е и да престане да ги користи неговите песни“, додека Ријана јасно кажа „апсолутно не“ за употребата на нејзината песна „Don’t Stop the Music“.


Сега кон оваа листа на музичари се придружи и популарниот бенд од 90-тите, „Semisonic“, најпознат по нивниот хит „Closing Time“. Имено тимот на Трамп ја искористил нивната песна, а нивната реакција на тоа стана вирална.

Кампањата на Трамп ја искористила нивната песна

Сè започнало кога официјалниот профил на Белата куќа на „X“ објави видео на кое се гледаат затвореници со лисици како се качуваат во авион, додека во заднина се слуша песната „Closing Time“. Над видеото биле цитирани и стиховите од песната, очигледно упатувајќи на „затворање“ и „заминување“.

Сепак, членовите на „Semisonic“ воопшто не биле задоволни од ваквата интерпретација на нивната музика.

„Ја промашивте поентата на песната“

Бендот објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на нивната песна без дозвола и испрати јасна порака до тимот на Трамп.

„Не ја одобривме ниту поддржавме употребата на нашата песна Closing Time на кој било начин“, порачаа „Semisonic“. „Не, нè ни прашаа. Песната зборува за радост, можност и надеж, а тие целосно ја промашија поентата“, додадоа тие.

Нивниот одговор брзо се прошири низ социјалните мрежи и беше прегледан повеќе од седум милиони пати и коментари со поддршка од бројни обожаватели и колеги музичари.

Можат ли да го тужат Трамп?

Многумина предложија бендот да поднесе тужба против кампањата на Трамп. Меѓутоа, се чини дека тоа нема да се случи. Имено, Ден Вилсон, фронтменот и главен автор на песната, го продал целиот свој музички каталог во 2021 година на компанијата „Primary Wave Music Publishing“.

Тоа значи дека тие сега ги имаат правата на сите песни, вклучително и на „Closing Time“, па така компанијата е таа која треба да одлучат за какви било правни чекори.