Педри откри од кој соиграч е посебно изненаден оваа сезона: Тој е како позитивна зараза за тимот

Дерби

19/03/2025

12:02

787

Големина на фонт

а а а

Играчите на Барселона во најдобро можно расположение заминаа на репрезентативни обврски, бидејќи изминатиот викенд успеаја да победат на натпревар кој изгледаше загубено.

Каталонците се вратија во последните 20 минути и постигнаа четири гола во мрежата на Атлетико Мадрид, па со новите три бода одново го преземаа врвот во Ла Лига.

Педри е еден од најдобрите и најконстантни играчи на Барса од стартот на сезоната, а пред периодот кој ќе биде клучен во месец април и мај, самиот реши да подели низа пофалби за голем број соиграчи, од кои најголем впечаток привлекоа оние за Рафиња.

Во интервјуто за „RAC1“, Педри откри дека најмногу изненаден останал од нивото на Бразилецот, кој според него во моментов може да направи се што ќе посака на теренот.

– Сите знаеме со каков потенцијал располагаме, особено со такви играчи во нападот. Ламин прави разлика во секој момент, нема проблем да ги дрибла ривалите. Некои велеа дека не постигнува голови, а сега повторно погоди против Атлетико.

– Левандовски е еден од најдобрите голгетери во историјата и тоа го покажува од коло во коло, додека Рафиња прави се на теренот. Вистинско уживање е да се гледа овој Рафиња. Да бидам искрен, тој е играчот кој најмногу ме изненади со своите партии оваа сезона. Навистина го заслужува тоа што му се случува. Кога гледате како се жртвува и како го остава срцето на терен, тоа е како позитивна зараза за тимот, – вели Педри.