Ламин: Мојот прв автомобил нема да биде бел, ако играме против Реал во финалето во ЛШ…

Дерби

19/03/2025

11:54

439

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал останува достапен за шпанските медиуми во период кога е насочен кон случувањата во репрезентацијата, но младата ѕвезда на Барселона во период помал од 24 часа одработи две ексклузивни интервјуа и со изјавите кои ги изнесе воглавно се задржа на случувањата на клупски план.

Во фаза од годината кога се влегува во завршните и клучни два месеци од сезоната, Барселона е во игра за сите преостанати три титули, но ако треба да бира само една, Ламин на прво место ја става онаа во Лигата на шампиони.

– Ако го прашате било кој фан на Барселона, ќе ви каже дека титулата во Лигата на шампионите е најспецијална. Наша цел е триплеатата, но ако треба да бирам една титула, тоа е Лигата на шамиони, – вели Јамал кој дава интересна изјава и за првиот автомобил кој очекува да го купи откако ќе положи за возачки испит.

– Кога ќе го купам првиот автомобил, сигурен сум дека нема да биде бел! Веќе изучувам часови за возачки испит и очекувам да положам од прва, – доава Јамал, кој во интервјуто за „АС“ повторно се надоврзува на професионални теми.

– Кога е во прашање битката во Ла Лига, мислам дека многу важен меч ќе биде „Ел Класико“ пресметката во мај на „Монжуик“. Сепак, во домашното првенство може да тргнат работите погрешно и на натпревар на кој не очекувате, имавме такви случаи против Бетис и Леганес. Во моментов имаме ист број на бодови со Реал, имаме и натпревар помалку, па затоа сметам дека „Ел Класико“ пресметката ќе биде многу важна, – потенцира тинејџерот, кој не би имал ништо против да игра и финале против Реал во Лигата на шампиони.

– Се додека е Барселона во финалето, сеедно ми е против кого ќе играме. Ако треба да се игра против Реал, сценариото ќе биде уште поспецијално. Ако играме против Реал во финалето, тоа ќе биде нешто неповторливо во кое сите ќе уживаме, – завршува Јамал.