Ненад Димитријевиќ не можеше да им помогне на своите соиграчи на гостувањето во Париз, па во негово отсуство, посебно расположен во редовите на Олимпија Милано беше Фабијан Коузу.
Французинот одигра нестварна трета четвртина во која се обидуваше да го одржи својот тим во резултатски приклучок, па 15 од вкупно 18 поени постигна токму во овој период.
Соиграчот на Димитријевиќ со ова се избори за најдобра оценка во својот тим, но исто така го привлече вниманието и поради потегот кој го режираше.
Фабијан изведе еден од најоткачените потези во Евролигата оваа сезона, бидјеќи погоди циркуска тројка во ситуација кога изгледаше дека акцијата е завршена.
Коузу успеа да ја погоди целта со циркуски шут, а сето тоа предизвика воодушевување и кај коментаторот на Евролигата.
😳 Fabien Causeur anotó esta canasta anoche. Increíble pic.twitter.com/HALv9cJkxW
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) March 19, 2025