Робен го предупредува Баерн за четвртфиналето: Интер има две силни страни

Дерби

19/03/2025

10:59

347

Големина на фонт

а а а

Арјен Робен уживаше во спектаклот кој го организираше Баерн Минхен по повод 125-годишнината од постоењето, односно Холанѓанецот беше дел од тимот на легендите кој го освои „Бекенбауер Купот“.

Во турнирот во мал фудбал кој се одигра во Минхен, Баерн славеше со победа над Реал Мадрид во големото финале со 4:0, а по завршувањето на настапот, Робен одработил и кратко интервју за официјалната веб страна на баварците.

Славното крило на германскиот великан верува дека Баерн ќе ја врати титулата од Бундеслигата во своите витрини, но предупредува дека тимот ќе има многу тешка задача да го мине Интер во четвртфиналето.

– Баерн е прилично силен оваа сезона. Веќе е во четвртфиналето во Лигата на шампионите и ги чека интересен предизвик со италијански ривал. Навистина ќе им биде тешко да го минат Интер, тие се посбено силни во дефанзива. Исто така, работите изгледаат добро за Баерн и во Бундеслигата, имаат шест бода повеќе од Леверкузен. Лесно е да се каже, но не гледам како друг би ја освоил титулата во Бундеслигата.

– Очекувам да биде потешко во Лигата на шампиони. Ќе биде тесно против Интер. Можеби Баерн има мала предност, но Интер има две силни страни. Тие се многу, многу цврсти во одбрана, но исто така се опасни во контранапади. Баерн ќе мора да се справи со тоа, – предупредува Робен.

Финалето во Лигата на шампиони оваа година се игра во Минхен, па Баерн има дополнителна мотивација да стигне до завршниот чин во најелитното натпреварување.