Клиперс на балкански погон до голема победа над Кливленд

Дерби

19/03/2025

10:58

336

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Клиперс продолжува да води битка за пласман во плејофот, а со победи како рано утрово ќе биде поблиску до остварување на таква цел.

Натпреварот против најдобриот тим во лигата се покажа како доволно голем предизвик за Клиперси, кои водени на балкански погон остварија огромна победа над Кливленд.

Ивица Зубац имаше монструозна партија за свои стандарди и забележа 28 поени и 20 скокови во победата од 132:119, но извонреден беше и Богдан Богдановиќ со 20 поени зад своето име.

Хрватско-српската двојка го украде шоуто на големите НБА ѕвезди со учинокот кој го имаше на мечот, па во втор план се најде и еден Кави Ленард кој инаку беше најефикасен на паркетот со 33 поени.

На останатите натпревари кои се одиграа во НБА лигата, Голден Стеј победи без Стеф Кари во дуелот со Милвоки (104:93), шампионот Бостон беше подобар од Бруклин (104:96), додека Атланта беше подобар од Шарлот со 134:102.