Фудбалот е игра во која можат да се променат многу работи во краток временски интервал, а добар доказ за такво нешто е и Антони, фудбалерот кој беше оцрнуван и понижуван од страна на англиската спортска јавност.
Бразилецот често служеше за потсмев на крајот на 2024-та година, но откако ги промени боите на клубот, крилниот напаѓач едноставно се препороди во шпанската Ла Лига.
Трансферот од Манчестер Јунајтед во Бетис очигледно донесе огромно олеснување кај некогашниот член на Ајакс, па во краток временски интервал успеа да ја освои цела фан база на андалузискиот клуб.
Антони доби неколку признанија за играч на натпреварот откако пристигна во Шпанија и ги импресионира фановите на Бетис од коло во коло, па таков беше случајот и на последниот меч во Ла Лига.
Бетис успеа да направи луд пресврт и да победи кај Леганес откако на полувреме губеше со 2:0, а клубот сега ги издвои најдобрите потези на Антони од овој натпревар.
Брзината и техниката кои ги поседува Антони во голем дел од ситуациите се кобни за дефанзивците во Ла Лига, па Бетис сега алудира дека противниците не можат да го сопрат ниту со полиција…
👀🚀🔥
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) March 18, 2025
Atrápalo si puedes...#LaLigaHighlights pic.twitter.com/Rgw6ODMkYa