Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Англија на стартот од квалификациите за СП 2026 година, соопшти неговиот клуб.
„Палмер се врати во клубот од кампот на репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот добиена на неделниот тренинг на тимот. Поради таа повреда, Палмер не играше за Челзи против Арсенал во неделата. Палмер поради повредата ќе ги пропушти натпреварите на Англија против Албанија и Летонија”, се вели во соопштението на “сините”.
Англија во петок ја пречекува Албанија, а во понеделник игра против Летонија, на стартот од натпреварувањето во квалификациската група К, во која се и Србија и Андора. Само победникот од групата ќе обезбеди директен пласман на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе се пласира во баражот.