[ФОТО] Принцот Хари повторно e во неволја: Оваа недела ќе се отвори неговото тајно досие

Точка

18/03/2025

23:08

1.899

Големина на фонт

а а а

Три тајни документи за имиграцискиот статус на принцот Хари ќе бидат објавени оваа недела, одлучи судијата Карл Николс, назначен од Доналд Трамп. Објавувањето на досиејата се очекува да открие дали војводата од Сасекс, принцот Хари, лажел во неговите документи за имиграција.

Иако не е јасно каков материјал ќе биде објавен, се претпоставува дека станува збор за форми во кои Хари рекол „не“ кога го прашале дали користи или користел дрога.

Адвокатите на американското Министерство за домашна безбедност претходно рекоа дека три ставки ќе бидат објавени, со измени, но четвртата мора да остане тајна.

Десничарската фондација Херитиџ минатата година го тужеше министерството откако агенцијата, која ја надгледува имиграцијата во Америка, го одби барањето за слобода на информации во врска со досието на Хари.

Херитиџ тврди дека Хари можеби лажел на формуларите во делот „дали си корисник на дрога“, наведувајќи дека и во неговите мемоари и во неговата серија на Нетфликс зборувал за употреба на канабис, кокаин и магични печурки.

„Не беше многу забавно и не ме израдува особено“, напиша тој за употребата на кокаин, а потоа додаде:

„Но, кокаинот ме натера да се чувствувам поинаку, а тоа беше главната цел“.

Во септември, судијата Карл Николс го одби барањето на Херитиџ да ги објави сите документи, но тие повторно го побараа и судијата одлучи да го уважи нивното барање.

Сепак, тој нагласи дека не сака да го открие имиграцискиот статус на Хари, поради што многумина го повикаа Трамп да го објави досието.

Инаку, кога странците добиваат американски визи, на формуларот за имиграција се прашуваат за каква било историја на употреба на дрога или прекршоци поврзани со дрога.

Претходната употреба на дрога може да се смета за основа за одбивање на барање за виза за Соединетите држави.

Ова доведе до прашања за тоа што одговори Хари на формуларот.

Одделот за домашна безбедност има рок до крајот на вторник (по локално време) да ја исполни наредбата на федералниот судија за објавување на досиејата за имиграција на Хари.

„На владата и е наредено да ги објави преработените верзии на овие документи најдоцна до 18 март 2025 година“, пресуди судијата Николс.

Во март минатата година, во интервју со британскиот политичар Најџел Фараж, Трамп рече дека на Хари не треба да му се дава посебен третман и дека „ќе бидат преземени соодветни мерки доколку, всушност, лажел на официјалните документи“.

Но, во февруари, како претседател, тој изјави дека нема да бара Хари да биде протеран од земјата.

„Не сакам да го направам тоа. Ќе го оставам на мир. Има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“, истакна Трамп.