Само една епизода во историјата на телевизијата доби оценка 10/10 на „ИМДб“: Знаете ли за која се работи?

Точка

18/03/2025

22:03

2.365

Големина на фонт

а а а

Во последно време има толку многу одлични серии што е тешко да се одлучи што да се гледа. Нетфликс штотуку ја објави новата хит серија „Адолесценција“, за која многумина велат дека е ремек дело и моментално има 100 отсто позитивни критики на „Ротен Томатос“ (Rotten Tomatoes). Но, и покрај ова, ниту една епизода од новата серија не се приближува до совршена оценка 10 од 10 на познатата платформа „ИМДб“ (IMDb).

Дури и иконските серии како „Game of Thrones“, „Bojack Horseman“, „Six Feet Under“ или брилијантната „Better Call Saul“ никогаш не постигнале совршена оцена. Највисоката што успеале да ја достигнат била 9,9. И токму затоа е интересно што има само една епизода која добива совршена десетка, а тоа е серија која повеќето од вас добро ја знаат. Секако, станува збор за серијата „Breaking Bad“.

Една од епизодите на нејзината петта сезона, „Озимандијас“, е единствената епизода во историјата на телевизијата која има оцена 10/10 на „ИМДб“.

„Без сомнение, тоа е најдобрата епизода од која било ТВ серија“, е еден од најпопуларните коментари на„ИМДб“. Луѓето велат дека во текот на епизодата доживуваат наизменични чувства на напнатост, стрес, шок, тага и дека буквално ја гледаат без здив.

Иконската епизода ја режираше познатиот режисер Ријан Џонсон. Патем, епизодата е инспирирана од истоимената песна на Перси Шели, која раскажува за падот на империјата на еден голем крал. Како што кралството се распаѓа во песната, така и целиот свет на Волтер Вајт се распаѓа во серијата. Самиот креатор на серијата, Винс Гилиган, изјави дека оваа конкретна епизода засекогаш ќе остане најдобрата епизода што некогаш ја направиле или ќе ја направат.