Серијата „Adolescence“ за само 4 дена собрала 24,3 милиони прегледи – Најгледана на Нетфликс

Точка

19/03/2025

17:33

683

Големина на фонт

а а а

Најновата крими-драма „Adolescence“ на Нетфликс стана огромен хит, достигнувајќи 24,3 милиони прегледи во првите четири дена од објавувањето, што ја прави најгледаната серија на стриминг платформата во неделата од 10 до 16 март.

 Откако дебитирала со четирите епизоди во четвртокот, 13 март, „Adolescence“ собрала 24,3 милиони прегледи до недела, 16 март, што ја прави најгледана ТВ серија на Нетфликс во текот на неделата од 10 март.


Гледаноста на „Adolescence“ во текот на првиот викенд од објавувањето, ја надминала неодамнешната оригинална серија на Нетфликс „The Night Agent“ вклучувајќи ја втората сезона, која дебитирала со 13,9 милиони прегледи и „Zero Day“ која дебитирала со 19,1 милиони прегледи во текот на неделата на 17 февруари.

Сепак, гледаноста на серијата „Adolescence“ беше помала од онаа на најгледаниот филм „The Electric State“, кој дебитирал на Нетфликс со 25,2 милиони прегледи.

Инаку серијата „Adolescence“ започнува со упад на полицијата во семејната куќа на 14-годишниот Џејми Милер и го апси под сомнение дека претходната вечер ја убил својата соученичка Кејти. Првите две епизоди ги прикажуваат случувањата во полициската станица, процедуралните детали и случајот против Џејми, кој го толкува Овен Купер.

Критичарката на Гардијан, Луси Манган тврди дека оваа серија е нешто најблиску до ТВ совршенството во последните неколку децении, а слични коментари имаа и други критичари кои воодушевено зборуваа за оваа нова серија.