Хајдук доживеа убедлив пораз во дербито со Ријека, а по средбата тренерот на клубот од Сплит, Џенаро Гатузо влезе во конфликт со некогашниот фудбалер, аналитичар, коментатор Јошко Јеличиќ.
Јеличиќ важи за човек без влакна на јазикот, знае да дава провокативни, зајадливи коментари, па на Гатузо му „пукна филмот“ и едноставно влезе во клинч со Хрватот со кого не сакаше ни да се поздрави.
Секако ова донесе различни реакции, а меѓу нив беше и онаа на некогашниот хрватски репрезентативец и екс селектор Игор Штимац кој посочи дека Рино имал среќа што тој не бил на местото на Јеличиќ.
- Иако јас сум кум на Јошко и сме добри пријатели, немам причина да бидам субјективен. Тоа што го направи Гатузо не му доликува ниту како светски шампион, ниту како тренер на Хајдук, ниту како странец во оваа земја. Не ги почитува оние кои ги коментираат натпреварите.
- Без разлика на цинизмот и иронијата на Јошко со која знае да го зачини својот беспрекорен коментар, во него нема ни ронка лага. Тој дава коментари со кои се согласуваат 90 отсто од луѓето. И телевизиите го сакаат тоа. Ја привлекува публиката и вниманието, тоа го прави речиси совршено. Тој си ја врши работата. Сега, Гатузо? Што му донесе Гатузо на Хајдук за парите што ги добива?
- Во клучен натпревар против директен конкурент не даваш ништо. Шутна еднаш кон голот, тимот нема стандардност, немаш ништо. Играчите постојано играат на погрешни позиции. И се осмелуваш да се закануваш после таков пораз. Имаше многу среќа што не бев таму. Тоа не би било добро за него. Никој не би составил прстот, - порача Штимац.