Јувентус цела сезона се мачи и ги нема посакуваните резултати пред се во Серија А, но ако нешто беше позитивно беше тоа што екипата не губеше или поточно до пред две кола имаше еден пораз за да во претходниве две недели доживее два тешки нокаути од Аталанта и Фиорентина.
Првиот потоп беше од Аталанта на свој терен од 4-0, а кога се очекуваше одговор против Фиорентина, „бјанконерите“ одново се прикажаа во лошо светло и загубија со 3-0.
И покрај овие резултати и настапи, тренерот Тијаго Мота воопшто не размислува за оставка.
- Би било премногу лесно да се направи тоа, а не ми се допаѓаат лесни работи. Треба да победиме; Мораме да најдеме начин да ги добиеме бодовите што ни се потребни за да ја оствариме нашата цел, а тоа е да завршиме меѓу најдобрите четири во лигата, - порача Мота и додаде:
- Ова е малку како продолжение на последниот натпревар, истата приказна. Почнуваме добро, но на првата тешкотија, исто како и против Аталанта, не успеваме да реагираме. Треба да се подобриме. Денеска не сме силни во ниту една фаза од играта. Мораме да ги вратиме овие момци на вистинскиот пат. Мислам дека покажавме друга страна пред овие два последни натпревари и нашата реакција секогаш беше многу добра, - подвлече стратегот.
„Старата дама“ сега е на петтата позиција со 52 бода.