Јамал: Знаев дека ќе дадам гол…

Дерби

17/03/2025

10:35

293

Големина на фонт

а а а

Барселона со голем пресврт успеа да го добие дербито со Атлетико во Мадрид и со тоа да се врати на првата позиција во шпанската Примера.

Каталонците не ги користеа своите шанси и по 70 минути се најдоа во многу тешка позиција, негатива од 2-0, меѓутоа од тука тргна „вулканот“ на избраниците на Флик кои до крајот четири пати го матираа Облак за конечни 4-2.

Еден од тие голови беше дело на талентираниот Ламин Јамал и тоа во 92 минута, погодок со кој тој ја прекина серијата без гол во шампионатот.

- Многу сум среќен со победата. Ова беше многу важен натпревар, а освојувањето на три бода е најважно, па јас сум среќен. Првиот гол на Роберт беше важен, а потоа и голот на Феран затоа што беше за израмнување, потоа мојот гол и четвртиот на Феран дојде природно.

- Знаев дека кога повторно ќе постигнам гол во Ла Лига, тоа ќе биде на важен натпревар. На крајот на краиштата, не ми е грижа што не давам голови се додека тимот победува,- порача младата ѕвезда на каталонците.