Немања Видиќ, славниот фудбалер и легенда на Црвена Ѕвезда и Манчестер Јунајтед, се најде на улиците на Белград, каде што учествуваше во студентските протести.
Видиќ и претходно во повеќе наврати ги поддржуваше младите кои го изразуваат своето незадоволство од начинот на кој државата постапи по трагедијата што се случи на 1 ноември 2024 година во Нови Сад, кога при уривање на настрешница загинаа 15 лица.
Во интервју за "Nova.rs", Видиќ изјави:
„Морам да кажам дека дефинитивно ги поддржувам нашите студенти и високообразованата младина, која треба утре да го води ова општество. Иднината треба да ја засноваме токму на такви млади луѓе. Каков татко би бил ако не ги поддржувам студентите?“ – рече Видиќ кон крајот на 2024 година.
— Steve Rogers (@BelgradeEagle) March 15, 2025
Со своето присуство на протестот привлече големо внимание, а присутните не пропуштија можност да се сликаат со него, споделувајќи кратка порака:
„Пумпај!“