Автономните такси возила добиле речиси 600 казни за непрописно паркирање!

Точка

15/03/2025

22:07

646

Големина на фонт

а а а

Во Сан Франциско, компанијата "Waymo" превезува патници со своите автономни такси возила, целосно без возач.

На улиците во градот моментално оперираат 300 вакви возила, а со толкава флота доаѓаат и сообраќајните прекршоци – бидејќи никој не е имун на грешки, па дури ни вештачката интелигенција.

Според "Washington Post", автономните такси минатата година добиле 589 казни во вкупен износ од 65.065 долари за непрописно паркирање.


Прекршоците се различни – од блокирање на сообраќајот, ограничување на пристапот на службите за чистење улици, до паркирање на забранети места.

Портпаролот на "Waymo" изјави дека компанијата работи на решавање на проблемот.


Сепак, ова и не е толку голема бројка ако се земе предвид дека минатата година во Сан Франциско биле издадени дури 1,2 милиони казни за непрописно паркирање.

Но, останува интересно како пример – бидејќи докажува дека и автономните автомобили можат да згрешат!