Бела Хадид ги покажа своите адути во проѕирен фустан од тантела на модната недела во Париз, а ова беше нејзино прво модно шоу од октомври, кога прошета на пистата за „Викторија сикрет“. Една од најбараните манекенки на денешницата, го зазеде централното место на модната недела откако прошета по пистата за францускиот бренд „Сен Лоран“.
Бела беше облечена во проѕирен фустан од тантела, креација за есен/зима 2025/2026 година.
По познатото камбек шоу на брендот Victoria's Secret, ова е нејзино прво појавување на модната писта, па не се очекуваше ништо помалку од оваа предизвикувачка креација.
Додека пак, за забавата по завршување на ревиите, се одлучи за уште едно провокативно парче облека – долг, целосно проѕирен црн фустан кој исто така не ги криеше нејзините гради, па не остана незабележана ниту во оваа прилика.
Друштво ѝ правела Хејли Бибер, која исто така се осмелила да ги покаже нејзините витки и долги нозе по што веднаш се најде на насловните страници.