Дедо добил забрана за возење до 2117 година! Не ја почитувал – сега ќе оди во затвор

Точка

14/03/2025

12:59

666

Големина на фонт

а а а

Веднаш е уапсен и сега се соочува со затворска казна до една година.

Возачите кои често ги прекршуваат сообраќајните прописи неретко ги повторуваат своите прекршоци, но ретко кој оди во такви екстреми како еден 73-годишен Австралиец, кој неодамна беше уапсен поради возење, иако му беше одземена возачката дозвола сè до 2117 година, пренесува "CarScoops".

Инцидентот се случил во Батхурст, Нов Јужен Велс, кога локалната полиција минатата недела забележала постар маж зад воланот на "Subaru". За време на рутинска контрола на алкохол, полицијата открила дека возачот има долгорочна забрана за управување со возило. Всушност, неговата забрана трае неверојатни 92 години!

Се покажало дека човекот не им е непознат на властите. Полицијата веднаш го препознала како хроничен прекршител, потврдувајќи дека е добро познат на органите на редот.

Ова го потврдува и "CarExpert", кој наведува дека ова му е трет прекршок во последните пет години. Јасно е дека станува збор за човек кој нема никаква почит кон законот, ниту кон последиците од неговите постапки.

Bathurst HWP arrest a 73-yr old male for driving while disqualified until 2117.


About 9.15am on Sunday 9/3/25, HWP...

Posted by Traffic and Highway Patrol Command - NSW Police Force on Sunday 9 March 2025


На фотографијата што ја објави полицијата на Нов Јужен Велс на "Facebook", се гледа дека човекот управувал со "Subaru Liberty" од третата генерација. Како што беше очекувано, мажот бил уапсен и пренесен во полициската станица во Батхурст, каде што му била одбиена кауција.

Овој 73-годишник сега се соочува со обвинение за „возење за време на забрана“. Покрај тоа, издаден му е и налог за конфискација на регистарските таблички поради управување со возило за време на забрана.

Според законите на Нов Јужен Велс, возењето во период на забрана може да резултира со затворска казна до шест месеци, додека повратниците може да добијат и до една година затвор.

Покрај ризикот од затвор, возачот на "Subaru" сега ќе се соочи и со дополнителен период во кој нема да смее да вози.

Дури и пред овој последен прекршок, тој би требало да доживее 165 години за повторно да добие право на возење. Освен ако наскоро не се пронајде чудотворен лек за стареење, шансите повторно да седне зад воланот му се речиси непостоечки.