[ФОТО] Отвориле стара гаража и останале без зборови: Пронашле два речиси нови „Saab“ од 80-тите

Точка

10/04/2026

09:36

786

Големина на фонт

а а а

Во Италија се пронајдени два примероци од моделот „Saab 9000“ со минимална километража.

Вистински автомобилски бисери се откриени во Италија. Специјалисти за „Saab“ од компанијата „Zanetti Automobili“ во стара гаража во регионот Венето пронашле два речиси нови примероци од моделот „Saab 9000 Turbo“, кои повеќе од три децении не биле ниту регистрирани ниту возени.

Станува збор за исклучително редок наод, бидејќи автомобилите практично останале „замрзнати во времето“ уште од крајот на осумдесеттите години.

Првиот примерок е „Saab 9000 Turbo“ од 1987 година во бела боја со само 242 изминати километри, додека вториот е уште поимпресивен – „Saab 9000 CD Turbo“ од 1988 година во сина боја со само 61 километар на бројачот.


Од компанијата „Zanetti Automobili“ посочуваат дека возилата не се реставрирани, туку се во фабрички оригинална состојба, што ги прави вистински колекционерски раритети.

Добрата вест е дека моторите не се блокирани, а електричниот систем и понатаму покажува знаци на живот.

Сепак, пред експертите стои сериозна задача за овие два шведски класици повторно да се вратат на патиштата по повеќе од 30 години мирување.

Компанијата најави дека процесот на обнова најверојатно ќе го документира преку објави на „YouTube“ каналот „Marcus Bergfeldt“, што дополнително ќе го зголеми интересот кај љубителите на класични автомобили и брендот „Saab“.